1. Една збирка има 1150 задачи. Ако Ева решава секој ден по 10 задачи, уште колку нерешени задачи ќе и останат по една недела?

2. Секој месец Горан заштедува по 1000 денари. Ако на почетокот имал 2600 денари, колкава сума ќе има по шест месеци?

3. Во училишната библиотека има 75 енциклопедии, 10 пати повеќе збирки по математика и 100 пати повеќе лектири. Колку збирки и колку лектири има во библиотеката?

4. Во една издавачка куќа испечатиле 3600 учебници по историја, 10 пати помалку учебници по математика и 100 пати помалку упатства за наставниците. Колку учебници по математика и колку упатства за наставниците испечатиле?

5. Во бројот 3759 замени ја положбата на две цифри така што добиениот број да има:
а) што е можно поголема цифра на стотки
б) што е можно повеќе стотки

6. Напиши број кој има:
а) еднакви цифри на десетки и стотки
б) еднакво многу десетки и стотки
в) Кој е најголемиот цел број со еднакво многу десетки и стотки?

7. Двајца добри соседи, Трајчо и Кочо, ги мереле должините на своите гаражи. Трајчо измерил дека неговата има 4,6 м и 8 цм, а Кочо за својата добил 4 м и 68 цм. Чија гаража е подолга?

8. Од појдовната станица, во празен автобус на првата станица се качиле 10 патници, а на секоја од следните 3 станици се качиле уште по 5 станици, и притоа ниту еден патник не се симнал.
а) Со колку патници пристигнал автобусот на четвртата станица?
б) Со колку патници пошол автобусот од четвртата станица?

9. Еден продавач на јаболка пристигнал на пазар во 7 часот наутро и притоа со себе носел 250 денари. На секој час заработува со 50 денари од продажбата. Со колку пари ќе си оди дома ако си замине од пазарот во 14 часот? Состави бројна низа од вкупната заработка по  часови.

10. Еден полжав пешил да искачи ѕид висок 12 м. Почнувајќи од понеделник, секој ден полжавот качува по 4 м, но секоја ноќ заспива и се слизнува надолу по 2 м. Кој ден полжавот ќе го искачи ѕидот?

11. На еден паркинг има вкупно 56 автомобили. Три осмини од нив се бели, четири осмини сини и една осмина црвени. По колку автомобили има од секоја боја?

12. Кој број ќе се одземе ако од бројот 120 се одземе третина?

13. Ако едно детско базенче се полни со 12 кофи вода, колку такви базенчиња ќе се наполнат со 41 кофа вода и колку кофи вода ќе останат неискористени?

14. Пинокио забележал сека секогаш кога ќе излаже носот му станува двојно подолг, а секогаш кога ќе ја каже вистината, носот му станува тројно покус. Од моментот кога носот му бил долг 10 цм, Пинокио најпрво излажал два пати и потоа неколку пати ја кажал вистината. Сега носот му е подолг од 4 цм, но покус од 5 цм.
а) Колку пати Пинокио ја кажал вистината?
б) Дали носот му е подолг или покус од 4,5 цм?

15. За колку е поголем збирот на броевите 523 и 256 од двојната вредност на разликата на броевите 123 и 17?

16. Маја има 14 години, а сестра и Ана има три години помалку од двојната вредност на годините на Маја. Колку години ќе имаат заедно по три години?

17. Дедото и внукот заедно имаат 60 години. Колку години имале заедно пред 5 години?

18. Маријана има 551 денар. Од баба и добила уште 396 денари за да купи енциклопедија која чини 1000 денари. Колку денари и недостасуваат на Маријана?

19. Во шумското училиште учат 5 мачиња, 4 клукајдрвчиња, 3 мечиња, 2 патчиња и неколку волчиња. Учителот Був изброил дека тие вкупно имаат 50 нозе.
а) Колку од нив се волчиња          б) Дали Бувот се броел и себеси?

20. Збирот ма четири броеви е 100. Збирот на првиот, третиот и четвртиот е 55, а збирот на првиот, вториот и четвртиот е 88. Одреди ги собироците ако првиот е:
а) за 5 помал од вториот собирок              б) 5 пати помал од вториот собирок

21. Една црвена верверичка собирала лешници во текот на октомври. Во првата недела собрала 96, во втората недела 84, во третата недела 65 и во четвртата 52 лешници. И една сива верверичка од истата шума собирала  лешници во текот на октомври. Во првата недела собрала 103 лешници, во втората недела 49, а во третата 97. Колку лешници собрала сивата верверичка во четвртата недела, ако се знае дека двете заедно собрале двојно повеќе отколку црвената?

22. Учениците заштедиле 678 денари во одделенската каса. За групна посета на Природнонаучниот музеј им се потребни 325 денари, а за сладоледи во паркот 588 денари. Колку денари треба да позајмат од наставничката?

23. Вук денес полни 65 недели. Неговата добра другарка Бора е помлада точно 8 недели. Искра е најмлада меѓу нив, таа е точно 4 недели помлада од Бора. За колку недели од денес Вук, Бора и Искра ќе имаат вкупно 235 недели?

24. Виктор има 212 џамлии, а Петре 78 помалку. Колку џамлии ќе има Виктор ако Петре му ги даде своите?

25. Маја имала 318 денари  и сакала да купи 2 билета за во кино. Ако еден билет чини 120 денари, дали на Маја и останале доволно пари за да купи пуканки? Цената на пуканките била 60 денари.

26. Кој број ќе се добие ако од трицифрениот број 985 се одземе бројот што е за 54 помал од бројот 317?

27. На Вук му недостасуваат само 26 цм за да биде висок 1м. Бора е за 4 цм пониска, а Искра за 1 цм повисока од Вук. Колку сантиметри мѕ недостасуваат на Вук за да биде висок колку Бора и Искра заедно?

28. Во овошната градина дедо Бранко засадил јаболкници, круши, праски и сливи, вкупно 772 дрвја. Имало 263 јабилкници, 147 садници круши помалку од јаболкниците, а 56 садници праски помалку од крушите. Колку сливи засадил дедо Бранко?

29. На својата роденденска забава, мечето изело 304 г мед, што е за 285 г повеќе од медот што го изело ежето. Колку мед останал во кантата ако пред забавата имало точно 571 г и кикој друг од гостите не се засладувал од медот?

30. Селото А има 371 жител, а соседното село Б има 185 жители помалку. Колку жители треба да се доселат во А или Б за да има вкупно 777 жители во двете села, ако во меѓувреме од А се иселиле 65, а од Б се иселиле 49 жители?

31. На пливачкиот мараток учествувале 652 пливачи. Во првата третина од патеката се откажале 178 пливачи, а во втората третина се откажале уште 203. На целта допливале само 86 учесници. Колку маратонци се откажале во последната третина?

32. Марко измислил еден број. Ако кон тој број се додаде разликата на броевите 724 и 452, се добива 345. Кој број го измислил Марко?

33. Браќата Александар и Георги заедно береле круши во градината на дедо им. Кога дедото ги прашал колку круши набрале, Александар рекол дека бројот на круши е содржател на бројот 3, а Георги рекол дека бројот на круши е содржател на бројот 8. Александар додал дека набрале барем една, но помалку од 30 круши. Колку вкупно круши набрале?

34. За шиење на еден фустан се потребни 8 м материјал, за една кошула 5 м материјал, а за еден машки костум 9 м материјал.
а) За што е потребно повеќе материјал: за 5 фустани или за 8 кошули?
б)Колку метри материјал е употребен ако се сошиени 7 фустани и 9 кошули?
в) Ако вкупно имало 150 м материјал, а сошиени се 6 фустани и 3 кошули, колку машки костуми може да се сошијат од преостанатото парче материјал?

35. Во цветната градина на баба Сребра има 8 ружи, 4 лалиња, 9 гербери и 6 сончогледи. Секоја ружа има 7 венечни ливчиња, секое лале има 4, секој гербер 10 и секој сончоглед 8 венечни ливчиња.
а) Колку вкупно венечни ливчиња имаат цвеќињата на баба Сребра?
б) Уште колку ружи треба да засади за да има вкупно 287 венечни ливчиња во градината?




Comments