Posts

1. Една збирка има 1150 задачи. Ако Ева решава секој ден по 10 задачи, уште колку нерешени задачи ќе и останат по една недела? 2. Секој месец Горан заштедува по 1000 денари. Ако на почетокот имал 2600 денари, колкава сума ќе има по шест месеци? 3. Во училишната библиотека има 75 енциклопедии, 10 пати повеќе збирки по математика и 100 пати повеќе лектири. Колку збирки и колку лектири има во библиотеката? 4. Во една издавачка куќа испечатиле 3600 учебници по историја, 10 пати помалку учебници по математика и 100 пати помалку упатства за наставниците. Колку учебници по математика и колку упатства за наставниците испечатиле? 5. Во бројот 3759 замени ја положбата на две цифри така што добиениот број да има: а) што е можно поголема цифра на стотки б) што е можно повеќе стотки 6. Напиши број кој има: а) еднакви цифри на десетки и стотки б) еднакво многу десетки и стотки в) Кој е најголемиот цел број со еднакво многу десетки и стотки? 7. Двајца добри соседи, Трајчо и Кочо, ги